„Струмица-град на културата 2021“ продолжува со изложба „Времено време“

Од:

Со изложба „Времено време“, која ќе биде поставена на отворено на Струмичкото корзо, вечер продолжуваат настаните за овој месец од манифестацијата „Струмица-град на културата 2021“. На изложбата ќе бидат презентирани репродукции од стари фотографии од Струмица, фотографирани во периодот од 1911 до 1938 година.

Локалната библиотека „Благој Јанков Мучето“, утре ќе го одбележи патрониот празник со литературен конкурс посветен на херојот, а утревечер треба да се одржи концерт насловен како „Етно ноктурна-ноќна музика“, на кој ќе бидат изведени кратки романтични композиции од Александра Коцевска-вокал, Билјана Петровска-пијано и Петар Колевски-кларинет.

В петок ќе се одржи промоција на млади роднокрајни литерати, а в сабота е традиционалниот музички фестивал на лица со телесен инвалидитет.

До крајот на месецот се планирани повеќе настани, а најголемо внимание се очекува да привлече настапот на Фолклорниот музички ансамбл „Танец“, кој треба да се одржи на 23 јули на платото пред Центарот за култура.

Инаку, синоќа во НУЦК „Антон Панов“ беше отворена изложбата „Поврзување“, од истоимениот проект на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, Бугарија.

Изложбата ги обединува ликовните дела на двајца автори од Македонија, кои живеат и работат во Бугарија-Марјан Ѕингаров од Струмица и Иво Пецов од Виница и делата на Свилен Стефанов од Софија, Бугарија.

Би можело да ве интересира

Боби Ѓошиќ назначен за в.д. директор на Центарот за култура во Струмица

А1он

Во фирма во Струмица пронајдени 330 килограми режан тутун без бандерола

А1он

Отворен Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

А1он

Земјотрес во Струмичко со интензитет од три степени

А1он

Две лица утрово ограбиле обложувалница во Струмица

А1он

ВИДЕО: Карлеуша наполни струмички клуб, турканици и еуфорија наместо дистанца и мерки