Стрип албум „Витези од соседството“ од Јордан Коцевски и Дарко Богданов

Стрип албумот „Витези од соседството“ од Јордан Коцевски и Дарко Богданов во издание на „Стрип Квадрат“ ќе биде промовиран денеска во Скопје.

Во стрипот на 48 страници се опфатени урбани приказни обработени во ноар стил, во кои јунаците не се суперхерои, туку обични луѓе „од соседството“ на кои им се случуваат необични ситуации кои би можеле на секого да му се случат.

Издавачката куќа „Стрип Квадрат“ е основана 2013 година во Скопје и досега има издадено 14 изданија, пет сликовници од таканаречената едиција „Револуционери“, седум авторски стрипови од домашни стрип автори како Диме Иванов – Димано, Игор Јовчевски, Никола Темков, Смиле Цветановски, Дарко Богданов, Јордан Коцевски, и други.

Би можело да ве интересира

Игор Стевковски ја доби наградата за најдобар карикатурален стрип во Лесковац

Ана Ололовска

Предавање „Стрип и ангажман“ на Томислав Османли

Ана Ололовска

Стрип-илустрирање на скопските митолошки јунаци и културни добра

Ана Ололовска

Отворен Конкурс за 17-тиот Меѓународен салон за стрип – Велес 2019

Ана Ололовска

Прва годишна награда за стрип „Лифт“

Ана Ололовска

Македонски автори на стрип-фестивал во Пожаревац

Ана Ололовска