„Стела“ го отвори филмскиот фестивал во Брач

Од:

Првиот македонски долгометражен филм за деца „Стела“, синоќа, го отвори филмскиот фестивал во Брач, Хрватска. Станува збор за меѓународен фестивал на долгометражни играни филмови каде се прикажуваат новите дела на младите режисери, најчесто нивните првенчиња.

Според продуцентот „Дрим Фектори“, Филмскиот фестивал на Брач е млад и динамичен фестивал што се одржува во, како што некои го нарекуваат, историскиот центар на светот, каде вкрстувањето на културите, јазиците и луѓето резултираше со креативно создавање на врвна уметност. Брач останува во центарот на ова, продолжува да гради мостови помеѓу културите, генерациите и местата. Крстопат сам по себе, ова е филмски фестивал за иднината базиран на публиката и нејзиното мислење, фокусиран кон младите и децата, заинтересиран за поттикнување на креативниот раст на филмаџиите во подем.

Во реализацијата на филмот „Стела“ кој се снимаше во 2019 година во Галичник, Скопје и во Германија, е вклучена меѓународна екипа која брои многу автори и филмски професионалци.

Главен лик во филмот е младата шарпланинка Стела, прв пат на долгометражен филм е младиот Петар Маниќ, а во филмот играат и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и српската актерка Христина Поповиќ. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографер е Горѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, монтажер е Данчо Стефков, а композитор Оливер Јосифовски од Љубојна. Режисер е Стојан Вујичиќ, а продуцент Огнен Антов.

-Стела е приказна за едно куче, шарпланинка, едно дете и еден дедо. Звучи идилично, но не е. Откако детето Николa ќе проба да се самоубие заради булинг во училиштето, изгледа дека никој не ќе може да допре до него. Престанува со секаква вербална комуникација. Шарпланинката Стела е единствена која не бара ништо од него, не поставува прашања, не бара одговори. Доволно е неговото постоење и среќна е од неговата близина. Детето ќе почне да се поистоветува со неа, па неговиот глас може да се слушне единствено кога лае. Дедото, кој избегал од луѓето да живее сам на бачилото, неволно ќе го прифати Никола за во текот на оваа авантура да станат семејство бегајќи од своето вистинско семејство. Незнаејќи, со тоа ќе се доближат до она од што бегаат, но сега променети ќе можат да продолжат со животот или мирно да заминат од другата страна на вечноста, наведуваат продуцентите.

„Стела“ е копродукција помеѓу домашната продукциска куќа „Дрим Фектори“ (Продуцент: Огнен Антов), српската продукција „Акција Продукција“ (Продуцент: Јована Караулиќ) и германската „Моуна“ (Продуцент: Никол Акерман). „Стела“ беше препознаен како проект од исклучителна важност и доби финансиска подршка од Агенцијата за Филм на Република Северна Македонија, Филмскиот центар на Србија и Филмскиот фонд Баден Вунтерберг во Штутгарт, Германија, а горд спонзор на филмот е и Витаминка.

-Филмот Стела е прва ЕКО или ЗЕЛЕНА продукција во Македонија, што значи дека првпат е снимен филм според сите еколошки стандарди, наведува продуцентот „Дрим Фектори“.

Би можело да ве интересира

Стела ќе добие куќарка во дворот на министерството за одбрана: Петровска ќе го чува новото милениче на работа и дома

Орце Костов

Македонскиот филм „Стела“ ќе го отвори најголемиот регионален фестивал за деца „КИДС ФЕСТ“