Во рамки на Саемот на книгата „Книга во секој дом“, денеска, во Матица ексклузив ќе се одржи средба со македонските автори и научници Стефан Влахов Мицов, Димитар Ќорнаков, Гоце Жура и Танас Вражиновски.
Посетителите ќе имаат можност да се запознаат и разговараат со овие македонски творци и да добијат посвета од нивните најнови книги: „Држава како се гради и брани“ од Влахов Мицов, „Соборните храмови во Македонија“ од Ќорнаков, „Пештерските цркви во Македонија“ од Жура и од Вражиновски „Личности, ликови, настани“.