„Сраснато дете“ – нова стихозбирка на Игор Поп Трајков

Од:

Во Домот на култура Кочо Рацин вечер со почеток во 20 часот ќе биде промовирана новата стихозбирка „Сраснато дете“ на Игор Поп Трајков.

Промоцијата ќе биде проследена со читање на стиховите од „Сраснато дете“ од страна на авторот на визуелно предизвикувачки локации.

За стихозбирката, рецензентката проф. др. Лорета Георгиевска-Јаковлева истакнува дека е внимателно дозирана со значења, естетски многу изедначена, оваа збирка го постигнува врвот на авторовата деликатност; со желбата за совршенство на формата, произлезена од авторовата стара тенденција да оформува спирална звучност, метрика која вчудовидува и провоцира, но пред сè го зголемува интересот кон значењето.

– Формата во никаков случај не е основа за естетско уживање, туку е продорност, скаменетост на формата со значењето, онака како што детето е сраснато во сите нас, чие откорнување е најчесто предуслов за успех и несреќа истовремено. Во оваа смисла поетот исто така се навраќа на неговите постари тенденции, односно ја користи формата на детските бајалки, клетви, храбренки, приспивни од домашното творештво, збогатувајќи ги со хумор и иронија, потенцирајќи дека на денешниот обесхрабрен, забрзан и отуѓен од сè човек, повторно му треба некој да му чита приказни пред заспивање, посочува таа.

Рецензентот Мартин Анастасовски, пак, вели дека последната книга на Игор Поп Трајков е колекција на текот на свеста чии делчиња се читаат како скршено привидение на дневните средби со животот – кој тој успеал да го залепи во еден дел. – Во секоја слика има отсликување на презрена искреност и зад секоја парабола има мост кој го пренесува и авторот, и читачот на бреговите на себе-разбирањето. Поп Трајков продолжува со интроспективни набљудувања на неговите: опкружувања, луѓе, настани и расправии кои се случуваат во различни контексти и конвенции, рече тој.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска