Спуштена завесата на Меѓународниот фолклорен фестивал „Др.Владимир Полежиноски“ во Кичево

Од:

Со реализација на програмата предвидена за втората вечер, спуштена е завесата на 14-от Меѓународен фоклорен фестивал на песни и ора „Др.Владимир Полежиноски“ во Кичево. Втората вечер настапија домашните ансамбли и друштва, КУД„ Бисер“, КУД „Рацин“ и „ Ускана“, КУД „Таше Милошески“ од Ресен, како и уметничкиот ансамбл „Хазис Ндреу“ од Тирана.

Играорците од КУД„ Бисер“ се претставија со кореографијата „Лазаренки“ кои и покрај подолгата пауза без редовен тренинг, во најдобро светло се претставија пред многубројната публика.

-И покрај подолгата пауза поради пандемијата со Ковид-19, сепак последните петнаесетина дена се подготвувавме за вечерашниот настап, каде се претставивме со кореографијата „Лазаренки“. Пријатно сум изненаден од хармонијата со која нашите членови ја имаа вечерашната изведба, истакна претседателот на КУД „Бисер“, Младен Ванчоски.

Со својата кореографија и хармонична изведба, посебен впечаток оставија членовите на едно од најстарите културно уметнички друштва од земјава „Таше Милошески“ од Ресен, кои пред многубројната публика се претставија со Преспански игри.

-Прв пат сме гости на фестивалот „Др.Владимир Полежиноски“ во Кичево, иако во рамките на СОФАМ сме настапувале пред кичевската публика.За жал, поради корона вирусот имавме предолга пауза и првите тренинзи ги започнавме пред само еден месец и како што можевте самите да забележите добро сме се подготвиле за овој настап и бевме успешни презентери на игрите од нашиот крај, рече претседателот на КУД „Таше Милошески“, Љупче Пецалески.

Со две кореографии се претстави и КУД „Хазис Ндреу“ од Тирана и со неколку вокални изведби на членови на друштвото,додека КУД „Бисер“ и „Ускана“ се претставија со повеќе вокални и инструментални изведби.

Би можело да ве интересира

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска

Изложба на фотографии од традиционални носии во Гевгелија

Ана Ололовска

В петок 33-то издание на „Охридските староградски средби“

Ана Ололовска