„Спротивноста на нештата“ вечер онлајн на 45. МОТ

Од:

Претставата „Спротивноста на нештата“ на Словенско младинско гледалишче, а во режија на Борис Никитин, вечер во 21 часот онлајн ќе биде изведена во рамки на 45. Млад отворен театар – МОТ.

Како што соопшти Младинскиот културен центар, органозатор на МОТ, Словенско младинско гледалишче е најредовниот гостин на МОТ, од самите почетоци на фестивалот и омилениот театарски ансамбл на нашата публика.

-Во своите дела, Никитин ги истражува границите помеѓу реалноста и фикцијата, документот и неговиот фалсификат и претпочита да ги разнесува овие категории. Вака создадениот театар е суров, груб, фронтален и директен. Прекумерното реагирање, пародијата, провокацијата и субверзивното играње со границите помеѓу реалното и лажното станаа фино подесени реквизити за популизам во натпревар за политичко внимание, се вели во соопштението.

Билетите се строго ограничени и достапни само преку bileti.mkc.mk. Oнлајн претставите се бесплатни (со задолжително „подигнување“ на билети), а билетите за претставите кои се играат во живо (во МКЦ и Универзална сала) изнесуваат 300 денари.

Би можело да ве интересира

Заврши 46-то издание на Млад отворен театар

Ана Ололовска

Три претстави денеска на МОТ

Претставата „Модиљани“ вечер во МКЦ

Ана Ололовска

„Дневна доза мазохизам“ вечер во МКЦ

Ана Ололовска

МКЦ ги откажува сите настани и претстави од МОТ до петок

А1он

Три претстави вечерва на 46. МОТ

Ана Ололовска