„Совршената жена“ прикажана на „Ускана фест“ во Кичево

Од:

Со драмската претстава„ Совршената жена“ во режија на Ќазмедин Нуредини во изведба на театар Куманово, продолжи театарскиот фестивал „Ускана фест“, што за првпат годинава се одржува во Кичево.

-Во претставата „Совршената жена“ Џулиен шармантен самец кој цело свое време го посветува на работата, очајно посакува да најде љубов. Неговиот живот ќе се промени на денот кога ќе се сретне со роботот Клои, кого неговиот пријател Франсоа му го подари за триесеттиот роденден.Потоа неговиот секојдневен живот тече самоволно, а роботот Клои ќе го води во уште позаблудени комични ситуации, рече Мазлам Османи директор на Центарот за култура во Кичево.

Тој наведе дека и оваа драмска претстава како и целокупната програма на фестивалот се одржа во склад со протоколите за заштита од Ковид-19,од задолжително носење на заштитна маска, до помал број гледачи присутни во салата од вистинскиот капацитет.

-Новопоставените светла уште повеќе го засилија впечатокот во прикажувањето на театарските претстави, што е нов квалитет на Центарот за култура во Кичево, оцени директорот.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска