„Современ Стар Град“ по вторпат го оживеа историскиот Сули Ан

Од:

Долг аплауз и задоволство на многубројната публика го одбележаа синоќешното, второ по ред издание на „Современ Стар Град“ во Сули ан. Концептот со потпис на Матеа Мијановиќ на публиката ѝ обезбеди мултимедијално искуство за сите сетила од час и половина, претставено преку творбите на тринаесет млади домашни уметници.

„Среќен сум што и оваа година, со заеднички труд успеавме да го реализираме овој настан, токму тука, во Сули ан. Концептот е малку поразличен и поспецифичен од сѐ она што се нуди на домашниот културен репертоар, но публиката е задоволна, а вечерашната посетеност повторно го докажа тоа. Благодарност до младите уметници без кои овој проект не ќе можеше да се оствари, благодарност и до Министерството за култура, Градот Скопје и Факултетот за ликовна уметност за поддршката за реализирање на проектот. Продолжуваме да работиме на збогатувањето на домашната културно-уметничка сцена, а се надеваме дека овој настан ќе стане наша заедничка традиција“, истакна Матеа Мијановиќ, идеен творец на Стар Современ Град.

Покрај авторот на концептот, за сценографијата и визуелниот дел на настанот беа задолжени младите уметници Медина Хоџа, Јана Деловска и Дамјан Илиќ, а музиката во живо ја изведуваа Благоја Алачки, Михаил Грујовски, Александар Бошков и Владимир Трпчевски-Пате и вокалните уметници Кики Пецовска, Ана Мицевска и Михаела Атанасовска. Танчерскиот и кореографски дел од настанот беше изведен од современите танчери Анастасија Данчевска, Бобан Русески и Сара Цветковска.

Визуелните интервенции му дадоа на Сули ан нова димензија, задржувајќи ја оригиналноста на самата градба. Спојот на уметничките категории обезбеди несекојдневно искуство и уживање за сите сетила на публиката, која присуствуваше на „оживувањето“ на историскиот објект.

Би можело да ве интересира

Промовирана фотомонографија „Црвениот виор на Тоде Ивановски“ од авторот Данка Јанковска

Ана Ололовска

Гевгелиските фасади се разубавуваат со мурали

Ана Ололовска

Презентација и предавање на Стеларк во Музејот на современата уметност

Ана Ололовска

Лувр одбележува 500 години од смртта на Леонардо Да Винчи

Мице Јанкуловски добитник на наградата „Лоренцо ил Магнифико“ на Фиренца Биеналето

Прво место за Александар Ефтимовски на биенале на скулптура во Шпанија

Ана Ололовска