Со романот „Црвец“ издавачката куќа „Или-или“ го слави десеттиот роденден

Од:

Издавачката куќа „Или-или“ од денеска до сабота прославува 10 години издавачка дејност со јубилејното, 100-то издание во популарната едиција „ПРоАЗА“.

„Честа да застане зад оваа бројка му припадна на писателот Џон Фаулс со романот „Црвец”. Се работи за превод на четврта книга од овој култен британски писател, по романите „Колекционер”, „Волшебникот” и „Жената на францускиот поручник“, соопшти издавачката куќа.

По тој повод, во книжарницата „Или-или“ во овие три дена читателите ќе можат да ги купат книгите со попуст од 20 до 70 отсто, а главното одбележување ќе се случува во сабота од 10 до 16 часот.

crvec-roman

Освен јубилејната стотка, оваа скопска издавачка куќа во изминатиот период издаде неколку книги од домашни автори и неколку преводи на европски наградувани автори. „Атена со пенис” на Александар Русјаков, „Куфер за тројца” на Живко Гроздановски и „Вишнова хроника” на Фросина Пармаковска се новите романи во едицијата од млади домашни автори, додека есеистичката едиција со свои книги ја надополнија Снежана Младеновска – Анѓелков со филмската теорија „Слики со животна уверливост“ и Линдита Кадриу со двојазичните книжевни „Есеи“.

„Или-или“ својата издавачка дејност ја почна во 2004 година со превод на романот „Читачот“ на германскиот писател Бернхард Шлинк, кој стана и најчитан автор во едицијата „Проаза“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска