Со операта „Хофманови приказни“ почнуваат 41. Мајски оперски вечери

Од:

Премиерата на  операта „Хофманови приказни“ на Жак Офенбах вечер ќе ги отвори  41. Мајски оперски вечери. Режисер на претставата е Урсула Хорнер од Австрија, диригент Најден Тодоров од Бугарија, а во насловната улога ќе настапи тенорот од Белгија Микаел Спадачини.

Либретото го напишал Жил Барбие и е базирано врз три кратки приказни напишани од германскиот писател од романтизмот Ернст Теодор Амадеус Хофман.  Дејството се одвива во Нирнберг, Венеција и Берлин на почетокот на 19 век, а главен протагонист е самиот Хофман. Барбие, заедно со Мишел Кери, претходно напишал драма „Хофманови приказни“, продуцирана од парискиот театар „Одеон“ во 1851, која ја гледал композиторот Офенбах, најистакнат претставник на оперетата во Франција.

Светската премиера на операта „Хофманови приказни“ (Лес цонтес д’Хоффманн) во три чина, пролог и епилог, била во 1881 во Париз, а во Македонија првпат била изведена во 1965 година.

На премиерата, со која денеска свечено ќе бидат отворени годинашните Мајски оперски вечери, ќе настапат и Ирена Квакалевска (Никлаус), Наде Талевска (Олимпија), Олгица Милевска (Џулиета), Билјана Талевска-Јосифов (Антонија), Ернес Ибраимовски (Линдорф, Копелиус, Дапертуто, д-р Миракл). Сценограф е Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска, кореограф Олга Панго.

На програмата се уште четири опери:  „Травијата“ (18 мај), „Атила“ (22 мај), „Лучија од Ламермур“ (26 мај) и „Аида“ – со која на 31 мај традиционално се затвора фестивалот. Покрај нив има и еден балет, „Дон Кихот“ (13 мај), како и дводневен оперско-драмски настан на 11-ти и 12 мај во рамки на манифестацијата Европски оперски денови, кои се одбележуваат во стотина оперски куќи низ светот.

Ќе гостуваат познати оперски имиња кои со улогите во кои настапуваат имаат светски кариери, како Русинката Ирина Лунгу во улогата на „Травијата“ и Италијанката Марија Грација Скиаво во ликот на Лучија.

Годинашните Вечери се посветени на 200 години од раѓањето на Верди, 50 години од скопскиот земјотрес и 20 години соработка со други земји. Мотото е „Момент кој треба да се доживее“. Цената на билетите е пониска од минатите години и е од 400, 600 и 800 денари, а 200 за настанот посветен на Европските оперски денови. За блок-билети попустот е 40 отсто.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет

Во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи

Горан Наумовски