Со концерт на Ванеса Меј почнува 59 „Охридско лето“

Од:

Со концерт на светски познатата виолинистка, Ванеса Меј вечер на Антички театар ќе биде отворено 59. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Британската уметница, која сака да експериментира со начинот на кој и се обраќа на публиката посетила над 50 земји, а свирела на атрактивни локации како: Кремлин во Москва, Хајд Парк во Лондон и Акропол во Атина. Настапувала на спортски настани, на егзотични локации, меѓу кои на замрзнатото езеро во Сан Мориц, на Ленстер сквер во Лондон за прославата на кинеската Нова година, за одбележувањето на 250 годишнината од раѓањето на Бах во палатата Ст. Џејмс… Покрај со музиката, се занимава со добротворна работа и спорт, а прогласена е за модна икона и за најубава жена во светот според неколку значајни списанија. Има продадено повеќе од 10 милиони албуми и добиено 40 интернационални награди за нејзините поп и класични снимки, додека пак концертите се пренесувани во повеќе од 100 земји во светот.

Вљубениците во уметноста низ 40-те фестивалски денови ќе имаат можност да уживаат во над 40 културни настани на светски, но и домашни познати имиња на сцените на Антички театар, Долни Сарај во црквата „Света Софија“, но и во нејзиното преддворје, во Центарот за култура „Григор Прличев“, како и на други локации низ градот.

Покрај Меј, во музичкиот дел од прогамата се и гала оперскиот концерт Националната опера и балет, Камерен оркестар на МММ „Саша Николовски Ѓумар“ под диригентска палка на Олег Кондратенко, настап ќе имаат гитаристите Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, Гудачки квартет Асасело од Германија, Камерниот оркестар Софиски солисти од Бугарија, ансамблот Дорико од Италија, квартетот „Терем“, како и српските уметници Стефан Миленковиќ на виолина и Владимир Милошевиќ на пијано, Денис Шаповалов на виолончело и Александер Вершинин – пијано од Русија, Елена Папандреу на гитара, Грција… Не изостануваат ниту познатите Руска вечер со Симфонискиот оркестар на Бријанск, Русија, под диригентската палка на Едуард Амбартцумјан, Полска вечер со пијано трио „Пендерецки“, вечер на Европската унија со Мустонен Оли – пијано, Украинска вечер со Божена Корчинска со украинска надолжна флејта и Богдан Кожушко на хармоника.

Во рамките на драмскиот дел ќе бидат изведени претставите „Самрак на боговите“ според сценариото на Лукино Висконти, Енрико Медиоли, Никол Бадалукo во режија: Далибор Матаниќ, продукција на СНГ Драма Марибор од Словенија, „Хадерсфилд“ од Угљеша Шајтинац во режија на Рене Медвешек, продукција: Загрепски младински театар, „Каде е пиштолот“ од Габор Ѓореј во режија на Дејана Николовска, продукција на Народен театар Охрид, „Бакхи-краток преглед на распадот“ по Бакхи од Еврипид во режија на Игор Вук Торбица, продукција на Народен театар Битола. Драмски тетара од Скопје ќе ја изведе претставата „Несоодветно за на работа“ од Луси Кирквуд, „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир во режија: Џон Блондел на Руски драмски театар Станиславски- Караганда, Казахстан….

Фестивалот свечено ќе биде затворен на 20 август со изваедба на театрската претстава „Одисеј“ од Горан Стефановски во режија на Александар Поповски во продукција на: ГДК

„Гавелла“ Загреб, театар Улисис-Бриони, Српски народен театар, Нови Сад, СНГ Драма Марибор, Арелје 212, Белград, Стериин театар, Нови Сад, театар Навигатор, Скопје.

Би можело да ве интересира

„Охридско лето“: Вечна благодарност и почит кон Џеси Норман за нејзината големина

Ана Ололовска

Згасна фестивалскиот оган на Античкиот театар, спуштена завесата на „Охридско лето“

Ана Ололовска

Поповиќ: „Охридско лето“ и оваа година понуди квалитет, започнуваат подготовките за јубилејното 60. фестивалско издание

Ана Ололовска

„Одисеј“ на Горан Стефановски за затворање на годинешното издание на „Охридско лето“

Ана Ололовска

Зографска-Беличанец: Купивме локација во Охрид за да бидеме поблиску до „Охридско лето“

Ана Ололовска

Концерт на „Охридско лето“ по повод 85 години од раѓањето на композиторот Зографски

Ана Ололовска