Со изложбата „Цртеж – експериментален цртеж“ завршува 41-то „Скопско лето“

Од:

Со изложбата на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ): „Цртеж – експериментален цртеж“, денеска завршува 41-то издание на Скопско лето.

Изложбата која и минатата година беше дел од фестивалот, ќе биде поставена во Уметничкиот центар „Арт хаб“ во ГТЦ и ќе трае до 15 август. Посетителите, согласно КОВИД протоколите, ќе може да ја видат поединечно или најмногу во група од двајца, од понеделник до сабота од 11 до 15 часот.

На изложбата ќе учествуваат: Ана Спасова, Ана Трајковска, Ангелца Стоиљковиќ, Валентина Стевановска, Ѓорѓи Динев, Дејан Иванов Маргуш, Дијана Томиќ Радевска, Жани Гелевска Вељановска, Златко Глигоров, Ива Станковска, Јовица Мијалковиќ, Марија Мицова Гацова, Марија Светиева, Марјана Костојчиноска Узунчева, Нарциса Андреевска, Наташа Андонова, Пандора Апостолоска Саздовска, Сашо Саздовски, Стефан Димовски, Стефан Младеновски, Тања Таневска, Филип Фидановски.

Годинашното Скопско лето беше посветено на домашните уметници. Го организира Дирекцијата за култура и уметност под покровителство на Град Скопје и со поддршка на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“