Со фадо ѕвездата Кармињо и фламенко составот „Лас Мигас“ завршува 13. ОФФест

Од:

Со концертите на Кармињо, најголемата нова ѕвезда на португалското фадо, и на фламенко атракцијата од Шпанија, инспиративниот женски квартет „Лас Мигас“, вечер во МОБ завршува годинашниот 13. ОФФест.

Чист, нежен, но исклучително моќен глас кој негува стари, традиционални фадо мелодии аранжирани од бразилските великани Фернанда Марија и Винисиус де Мораес, ја прави единствена изведбата на Кармињо. Родена во Лисабон, по завршувањето на универзитетското образование и патувањето низ светот, Кармињо сфаќа дека нејзин вистински животен предизвик е страствениот португалски блуз. Освен што потекнува од музичко семејство и е ќерка на познатата фадо пејачка Тереза Сигера, врз неа големо влијание имаат и фадо легендите Лусила до Кармо, Фернандо Маурисио и Амалија Родригез, како и поп члегендите Квин и Битлси.

Барселона, Кордоба, Љеида и Севиља се градовите од кои доаѓаат четирите млади музичарки Алба, Алисија, Росер и Марта познати како „Лас Мигас“. Свират фламенко зачинето со ехо на џипси, латино и медитерански влијанија. Традиционален и истовремено модерен, звукот што го создаваат девојките е единствен и уникатан. „Лас Мигас“ зад себе имаат два албума и настапи на најзначајните светски сцени.

las-migas

ОФФест синоќа понуди волшебни музички патувања со јужнокореанките „Геомунго фактори“ и словенечкиот кантавтор Зоран Предин кого го придружуваше извонредниот хрватски состав „Дамир Кукурузовиќ Џанго груп“, додека претходната вечер публиката ги доживеа симболот на музичката сцена на Конго Јупитер Боконџи и неговиот бенд Окуес интернешнал.

Фестивалот почна во петокот со настап на унгарскиот виртуоз на виолина Феликс Лајко. Прикажан беше и документарниот филм „Јупитерс денс“, приказна за животот на музичарите во Конго раскажана преку патување низ гетата на Киншаса. Во неделата беа легендарниот Астатке и битолскиот состав „Фолтин“ со специјалните гости.

Би можело да ве интересира

Четврта завршна вечер на OFFest 2023

Ана Ололовска

Почнува 22. издание на ОФФ-Фест

Ана Ололовска

Во продажба билетите за 22 ОФФ-Фест

Ана Ололовска

„Скопски џез фестивал“: Го откажуваме 22. издание на „OFFest“

Ана Ололовска

Последна вечер на 21. OFFest

Ана Ололовска

Македонска вечер за почеток на Offest

Ана Ололовска