Словенечкиот роман за млади „Кит на плажа“ објавен на македонски

Од:

Издавачката куќа „Паблишер“ објави превод на македонски јазик на книгата за млади „Кит на плажа“ од словенечкиот писател Винко Модерндорфер, со поддршка од програмата на Европската Унија „Креативна Европа“.

Издавачот информира дека се работи за уникатна и храбра книга за млади која преку приказната за духовита и љубопитна тинејџерка разработува тема за другоста и различноста на секој од нас и нашата вредност и посебност во светот.

– „Кит на плажа“ е роман кој ги шири границите на нормалното и нѐ поттикнува да ги преиспитаме своите ставови за тоа што е нормален живот, посочува „Паблишер“ за книгата која на македонски ја преведе Дарко Спасов.

Винко Модерндорфер е современ словенечки писател, сценарист и режисер. Има објавено 60-ина книги поезија и проза, за деца и за возрасни, како и драми, збирки раскази и есеи. За многу од нив, како и за своите режисерски дела, добил голем број награди. Романот „Кит на плажа“ ја доби наградата „Десетница“ во 2017 година и според него беше направена театарска претстава.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска