СКРМ стана репрезентативен синдикат за вработените во културата

Од:

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) официјално стана репрезентативен, кој ги застапува правата на вработените во областа на културата. Соопшти дека вчера од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска примил допис со кој му биле доставени решенијата за утврдување на репрезентативноста во културата.

-Репрезентативноста на СКРМ е резултат на огромен ентузијазам и четиригодишни напори да се променат состојбите во културата. Дејствуваме волонтерски и поминавме секакви притисоци, опструкции и потценувања. СКРМ во моментот брои околу 1000 членови, има 33 синдикални организации на ниво на институции и е единствен репрезентативен синдикат во културата, соопшти СКРМ.

Наведува дека нивните активности во изминатиот период резултирале со изработка на нов Закон за остварување на јавен интерес во културата и финансиска валоризација на стручните звања кај вработените во дејноста на заштитата на културното наследство, музејската, библиотечната и кинотечната дејност. Остварени се и преговори и изработка на нов Колективен договор во културата и се обезбедени средства во Буџетот за 2019 година за порамнување на платите во различните дејности на културата.

-Непостоењето репрезентативен синдикат во културата во изминатите 10 години резултираше со тотален хаос во социјалните односи и газење на правата на вработените. Колективен договор не постои веќе 14 години, а и тој што бил потпишан во 2005 година меѓу СОНК и Министерството за култура не е никогаш спроведен, наведува СКРМ.

Би можело да ве интересира

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Синдикатот на битолскиот универзитет го демантира Џафери: Документацијата ја доставивме навремено

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

„Доста штанцате огласи за партиски вработувања на неквалификувани во МВР“ – реакција на Синидикатот на македонската полиција