Скопската публика импресионирана од Анушка Шанкар

Од:

Анушка Шанкар вчера го отвори дванаесетото издание на Оффест. Пред преполната Универзална сала, Шанкар како една од водечките фигури во т.н. музика на светот, го претстави својот музички проект кој е комбинација од древни индиски раги и стари шпански фламенко композиции.

Оливер Белопета, директор на Скопскиот Џез фестивал, во чија организација е Оффест, за А1он вели дека неговата желба за овогодинешниот фестивал била тој да биде подобар од предходните, во што смета дека апсолутно успеале.

„По одзивот на публиката, сметам дека сме направиле и два чекора повеќе“, задоволно коментира тој.

Тој објаснува дека со активностите кои ги имале пред фестивалот ги претставиле групите кои не секогаш се широко познати кај нас, а високата програмаска репутација и програмски квалитет, се пресудни за да публиката дојде и ги види овие музички доживувања.

anuska 2

„Живееме во време каде што изумираат продавници за ЦД-а , телевизииите се комплетно комерциализирани и музичката понуда на истите е очајна. Тоа значи дека за оваа музика што ние ја презентираме, не постои начин на кој домашната публика пред тоа би се запознала“, вели Белопета.

Младите генерации не треба да бидат обвинети дека не ги знаат групите кои се дел од Оффест бидејќи тие немале прилика до тогаш да ги чујат, но, како што вели Белопета, најважно е што фестивалот има изградено традиција и доверба, па луѓето кои го посетуваат знаат дека слушаат квалитетна музика.

„Можеби и Анушка Шанкар ја знаат само 10% од луѓето во публика, но останатите 90% доаѓаат од доверба“, коментира тој.

Творештвото на Шанкар влече корени од класичната индиска музика, како и од легендарниот Рави Шанкар, кој е нејзин татко. Овој индиски музичар, филозоф и хуманистички визионер пред триесетина години има гостувано на Охридско лето, а својата ќерка Анушка ја школувал од нејзината деветта година.

Анушка како композитор ја истражува синтезата на индиската музика со разните музички жанрови како: фламенко, електроника, џез и класична музика.

Таа досега е два пати номинирана за наградата „Грем“, а важи за најмладата музичарка и првата жена во историјата на „Греми“, која е номинирана во категоријата „светски музички албум“.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Завршува „ОФФест“ со настапите на Пијан Славеј и Блик Баси

Ана Ололовска

Почнува јубилејното 20-то издание на „ОФФест“

Ана Ололовска

Јубилејно 20. издание на ОФФест од 9 до 13 ноември

Ана Ололовска

Култура одговара на прозивките за одложениот „OFFest“: Навреме го доставивме договорот, не сме ние криви

Жарко Настоски

Јубилејниот 20-ти „OFFest“ одложен за ноември, организаторот го обвини Министерството за култура

Жарко Настоски

Македонска вечер на ОФФест со Добрила & Дориан Дуо и Баклава

Ана Ололовска

Leave a Comment

three × four =