Скопје танцовиот театар и Рисима Рисимкин во март ќе гостуваат во театарот „Шајо“ во Париз

Од:

Македонските танчари од Скопје танцов театар предводени од кореографката Рисима Рисимкин во март 2022 година ќе ја изведат париската премиера на „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ во салата „Фирмен Жемие“, на покана на националниот театар „Шајо“ (Chaillot) во Париз.

-Најавата за премиерата во Франција ја пишува Филип Нуазет, еден од најдобрите светски теоретичари и критичари за танц, кој вели „….Среќа е кога се откриваат нови територии на танцот. Така Рисима Рисимкин ја става Македонија на европската кореографска карта….“ Сезоната 2021/2022 во „Шајо“ е најавена како „Уметност на сврзувањето“ и во неа, на „театaрот на ридот“, во срцето на Париз, ќе се претстават 39 претстави со 246 изведби, со извонредни кореографски имиња, помеѓу кои и Матилда Монтие и Батшева танцова компанија на Охад Нахарин. Целта е да се презентира оригиналноста и различноста, која на париската публика, како и светската која го посетува „Шајо“, ќе им овозможи да вкусат дел од сонот кој овие кореографи танчари го произведуваат како одговр на општеството; тие „ќе се нурнaт надвор од европските граници…за да уживаат во претставата на Скопје танцовиот театар“ која Нуазет ја карактеризира како „изигрување на стереотипите, за да прикаже слободен танц“, соопшти Скопје танцов театар кој одбележува една деценија постоење.

Светски реномираниот критичар Филип Нуазет вели дека „Рисима Рисимкин пишува со гестови кои се уникатни и интензивни“ и ја најавува претставата „Идентитети“ како „визит-карта на една уметница со веќе богата креативна кариера и би требало да изненади многумина“.

– Во контекст на тековната криза, Рисима Рисимкин сака да го преиспита изразот на движењето. Во „Идентитети“ нема допирање, но се споделува овој свет, оставен сам на себе, понекогаш солидарен. Рисимкин се прашува што може да нѐ спаси. Убавината? Веројатно. На сцената ќе сретнеме една танчарка-лебед, неверојатни суштества на потпетици, магични паради. …. „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ наликува на мечтаење“, завршува Нуазет во својот текст.

Претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ беше изведена минатата година на фестивалот „Охридско лето“, по повод 30 години кореграфска работа на Рисимкин. Во оригиналната постава на претставата беа танчарите на Скопје танцовиот театар: Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Бобан Русески, Валентино Апостоловски и Исидора Краљавска, а гостин во продукцијата беше и примабалерината на МОБ – Мими Поп-Алексова.

Продукцијата е на Културниот центар „Интерарт“, автор на музиката за претставата е Тони Китановски, костимографијата е на Благој Мицевски, а сценографијата и светлото на Матеа Мијановиќ.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска