Скопје танцов театар од понеделник ќе емитува претстави од сопствена продукција на својот Јутјуб канал

Од:

Скопје танцовиот театар од 23 март, понеделник, во периодот меѓу 18 и 20 часот, ќе започне со бесплатно емитување на претстави во сопствена продукција, од архивата со која располага, со цел да допре до публиката и сите љубители на танцот.

– Емитувањата ќе бидат преку Јутјуб каналот на Скопје танцовиот театар, секој работен ден – од понеделник до петок, додека за репертоарот и дополнителните активности јавноста секојдневно ќе биде информирана, соопшти Скопје танцов театар.

Емитувањето на кореографиите на нашите уметници, додаваат во соопштението, како и на гостите-странци на Скопје танцовиот театар, ќе ги поврземе со интеракција со платформата Инкубатор програма за млади уметници, наменета за млади уметници во областа на современиот танц, музиката и визуелните уметности.

Скопје танцов театар ги повикува сите млади уметници кои се заинтересирани, да се вклучат во оваа иницијатива преку испраќање свои видеа, инспирирани од претставите кои ќе се емитуваат, снимени како „варијација на тема“ во простор ограничен на два метри квадратни. Сите заинтересирани своите видеа ќе може да ги испратат на електронската адреса [email protected], во период кој дополнително ќе го објават.

– Деталните информации за интеракцијата ќе може да ги најдат на страната на Инкубатор програмата за култура, како и на нашите ФБ страници. Од доставените видеа, ќе се направи топ листа, која потоа ќе биде емитувана на Јутјуб каналот на Скопје танцовиот театар, стои во соопштението.

Во овие активности, додаваат оттаму, ќе учествува целиот тим на Скопје танцовиот театар, предводен од Рисима Рисимкин и Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Тринга Хиса, како и Матеа Мијановиќ и Александра Димитровска.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска