Скопје танцов театар ја почнува новата сезона

Од:

Со претставата „Импулс#волумен13“, вечер од 20 часот во Музејот на современа уметност ќе биде отворена сезоната 2019/2020 на Скопје танцовиот театар.

Претставата е составена од повеќе делови, според концепт и кореографија на Адријана Данчевска, Дејан Битровски и Рисима Рисимкин.

Со оваа претстава Скопје танцовиот театар најавува богата сезона, нови оригинални продукции, настапи на кореографи од странство, како и гостувања низ земјава и надвор од неа.

Скопје танцов театар е основан во 2011 година и е прва официјална компанија за современ танц во земјава. Предводен е од Рисима Рисимкин, основач и уметнички директор.

Би можело да ве интересира

„Трагедијата на тигарската буба“ – премиера на Скопје танцовиот театар

Ана Ололовска

Рисимкин во интернационално жири за млади кореографи во Линц

Ана Ололовска

Анди Исмаили светски шампион во современ танц за деца

Ана Ололовска

Овогодинешниот натпревар „Dance OFF“ во Скопје со над 2.700 учесници

Почнува меѓународниот танц-натпревар Dance OFF

Ана Ололовска

„Импулс#волумен14“ на Скопје танцов театар во МКЦ

Ана Ололовска