„Сивиот плоштад“ – прв роман на Сашо Огненовски, во издание на ПНВ Публикации

Од:

Првиот роман на Сашо Огненовски – „Сивиот плоштад“ објавен е во издание на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје.

Лилјана Пандева во поговорот кон овој роман пишува дека „Сивиот плоштад“ не треба и не може да се спореди со ниту едно друго прозно дело од македонската современа книжевност.

– Благодарение на авторовата условно речена љубов за филмот и театарот или пак безусловно речено на неговата ерудитност за филмот и театарот, „Сивиот плоштад“ е прозно дело – роман, но со филмска сценографија и со драмски дијалог, со еден збор, романот е адреналински. Од прологот до крајот, пишува Пандева во поговорот.

Сашо Огненовски е писател, актер и комуниколог. Досега издал пет збирки поезија: „Лавина“, „Плодовите на гневот“, „Пустински цвет“, „Сума“ и „Менување на минатото“, две пиеси за возрасни и четири пиеси за деца. Неговите дела се преведувани на англиски, српски, бугарски и арапски јазик. Застапен е во поетски антологии во земјата и во странство. Уредник е на книжевното списание „Книжевни елементи“. Преведува од српски и англиски јазик. За својата поезија добитник е на наградата ИЊА Богдани од Косово и на наградата на Друштвото на преведувачите од Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска