Сите броеви на списанието „Кинопис“ достапни онлајн

Од:

Кинотеката порано од планираното ги направи достапни онлајн сите досега издадени броеви на „Кинопис“ – списание за историја, теорија и култура на филмот и другите уметности. Излегува од 1989 година и во него свои текстови за историјата теорија и култура на филмот објавувале домашни и странски автори, филмски критичари и есеисти.

Неодамна Кинотеката ја извести јавноста дека е во тек проектот за дигитализација, скенирање и прикачување на сите броеви на „Кинопис“, кое излегува 30 години, но и дека процесот е технички сложен. Процесот го работи дизајнерот проф. Ладислав Цветковски, кој графички-ликовно го уредува списанието повеќе од две децении. Нему му требало еден месец интензивна работа, како што вели, за да ги најде и „оживее“ сите фајлови што ги имал во својата домашна архива.

-Лесно беше со броевите од последните три-четири години, но не беше едноставно да се вратат во функција фајловите од 1998 година. Ми се врати мојата лична „кинотека“ од сеќавања за едно ентузијастично време кога самите креиравме македонски фонтови, правописна и граматичка поддршка за софтверите кои денес веќе не се користат, за едно немирно време, за луѓе – соработници од кои некои не се веќе меѓу нас или многу одамна не сум ги видел, за фирми и технологија кои денес не постојат…, изјави Цветковски.

Тој жали што некои од постарите броевите на „Кинопис“, чии дигитални фајлови се изработени во времето на „технолошки преод од фотослогот на НИП Нова Македонија кон Windows и Mac..“ е невозможно да се реконструираат.

Цветковски ги донира електронските верзии на „Кинописот“ од бројот 20 па сè до последниот, бр.55-56, за да бидат поставени на веб-страницата на Кинотеката. Броевите од 1 до 19 се скенирани и нивни пдф-верзии се, исто така, достапни на истата страница КИНОПИС (kinoteka.mk)

-Драго ми е што Кинотеката на Македонија се реши и овозможи „Кинопис“ да биде достапен онлајн. Се работи за списание од исклучително значење за филмот и визуалените уметности, со текстови од нашите најзначајни автори, историчари, критичари и теоретичари. истакна Цветковски.

Покрај за „Кинопис“, тој изработил и дизајнерски решенија за повеќе од 150 печатени изданија на Кинотеката, како плакати, филмски програми, брошури, каталози, други периодични изданија, книги и ДВД-изданија.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето