„Система“ – изложба на Никола Радуловиќ во МСУ

Од:

Во Музејот на современата уметност (МСУ) вечер од 21 часот ќе биде отворена изложбата „Система“ на Никола Радуловиќ, добитник на наградата за најуспешен автор и дело на XII Биенале на млади уметници која му ја додели МСУ.

-„Система – Book of Sclavin 2.0“ е вториот дел од книгата „Book of Sclavin“ – серијал на анимирани книги, која заедно со првиот дел и интерактивната игра „Генеза“ ја формираат трилогијата „Book of Sclavin“, вели авторот.

„Система“ е исто така и името на изложбата на која е претставена трилогијата преку интерактивни објекти со кои може да се истражуваат книгите и играта сложувалка во изложбениот простор.

Куратор на изложбата е Бојана Јанева-Шемова.За посетители ќе биде отворена до 8 декември.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“