Симонида Филипова Китановска со најдобар акварел на Меѓународниот ликовен конкурс во Карпош

Од:

Ликовната творба на Симонида Филипова Китановска е избрана за најдобра на Меѓународниот конкурс за избор на најуспешно дело во ликовната техника акварел, што во рамки на активностите од областа на културата го распиша општина Карпош.

Жирито во состав проф. Данчо Ордев, проф. Решат Амети и м-р Тони Шулајковски едногласно одлучија Гран-при наградата „Теофил Тофе Шулајковски“ да ја додели на акварелот на Филипова Китановска.

Освен првата награда, што изнесува 30.000 денари, општината додели и десет откупни  награди  со поединечен износ од по 10.000 денари. Меѓу наградените автори се: Анета Ивановска Симјановска, Кирил Бошков (Бугарија), Илија Кафкалески, Милан Андов, Бехард Холеман (Австрија), Илчо Симовски, Доне Милјановски, Илија Спасовски-Чендо, Томе Мишев и Росица Лазевска.

Тричленото жири, како што информира општина Карпош, едногласно одлучи на доајените на македонската уметност Владо Аврамчев и Александар Цане Јанкуловски, кои живеат и творат на територија на општина Карпош, како учесници на годинашниов конкурс, да им додели специјални награди за посебен придонес во развојот на уметноста во Карпош и Република Македонија.

По промоцијата на наградените ќе се изработи каталог, а  по едно дело од пристигнатите дела за конкурсот, од секој автор, ќе биде изложено на посебна  изложба.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска