Народниот театар-Штип доби аудио-светлосна опрема во вредност од 600.000 денари. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Наташа Маневска истакна дека опремата е добиена благодарение на Министерството за култура и во Народниот театар ќе биде монтирана деновиве.
Истакна дека со новата опрема значително ќе се подобри квалитетот на театарските престави, а на публиката ќе и се овозможи подобро аудио-визуелно доживување.
– Значи добивме 16 канална миксета, светлосна со мултипроцесор, два звучника, 16 рефлектори коишто се врв во техничката опрема, која што постои за театрите и ЛЦД проектор, рече Маневска.
Најдоцна до крајот на годината, Штипскиот театар од Министерството треба да добие дополнување на опремата, но и ќе купи од сопствени средства, со што целокупната обнова на аудио-светлосната опрема ќе чини околу 700.000 денари.