Штипскиот Музеј одбележува 70 години од постоењето

Од:

Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип денеска одбележа 70 години од своето постоење. Јубилејот беше одбележан со отварање на изложба во уметничката галерија „Безистен“, а на која присуствуваше и Министерката за култура Ирена Стефоска. Со стиховите на поетот Ацо Шопов посветени на неговиот роден град Штип го честиташе јубилејот на ЗЗС и Музеј на град-Штип.

-Веќе седум децении оваа институција е чувар и промотор на културното наследство на градот Штип и на неговата околина. Од барутница до галеријата на икони во Свети Никола, преку деветте илјади инвентарни предмети, Заводот и Музеј- Штип го негува она што со векови нашите предци го граделе, што ние денес го доградуваме и што идните генерации ќе го надградуваат. Темелите на иднината се наоѓаат во археолошките локалитети, во средновековните тврдини и базилики, во Османлиските караван сараи и амами, во спомениците од НОБ. Последниве заземаат особено место во Програмата за работа на Министерството за култура зашто антифашизмот е втемелен во нашата државност, а повоена Европа е градена на антифашистички темели, рече Стефоска.

Забележа дека младите генерации заслужуваат да растат и да се развиваат со вредностите на антифашизмот. Но, какошто рече културното наследство го сочинуваат и фолклорот т.е. народното творештво, занаетите, обичаите, ритуалите, како и уметничкото творештво од нашето современие. Сето тоа е дел од нас, сето тоа го исцртуваме на културната карта на Европа и на светот.

-Изложбата со која денес се одбележува јубилејот на Заводот прекрасно го одразува овој широк спектар на нашето културно наследство надоврзувајќи се на сопствената традиција. Имено пред 70 години првата стална поставка на Народниот музеј содржела експонати од археологијата, етнологијата, историјата и ликовната дејност, вели Стефоска.

Посочи дека културното наследство е еден од врвните приоритети на Владата и на Министерството за култура и затоа мојот Штип и јас од првиот ден посветено работиме да го издигнеме овој сектор на што повисоко и професионално ниво.

-И самите знаете колку напори вложуваме за да изнајдеме заедно со сите вас трајни решенија за проблемите и да ги надминеме слабостите и пропустите кои се наталожиле со текот на времето било поради недостиг на кадар, било поради застарени законски прописи итн. Убедена дека ќе успееме во нашата мисија ви го честитам јубилејот и ви пожелувам се поголеми успеси во работата, додаде Стефоска.

Директорот на ЗЗС и Музеј на град-Штип, Митко Штерјов рече дека во услови на пандемија и според пропишаните мерки се одбележува еден голем јубилеј за оваа институција. Во уметничката галерија „Безистен“ изложени се артехактите од археолошките истражувања на Боров дол, а можат да се видат и ракотворби од источниот регион.

Би можело да ве интересира

Изложба „Културното богатство во марките на Македонска пошта“

Ана Ололовска

Изложба „Записи од АСНОМ“ по повод 11 Октомври

Ана Ололовска

Најмалиот етнолошки музеј во тетовско Џепчиште со неколку поставки во време на Европските денови на културно наследство

Ана Ололовска

НУ Музеј Куманово објави повик до кумановските ликовни уметници за учество на традиционална изложба

Ана Ололовска

НУ Музеј Куманово-Достапни виртуелни тури за постојаната музејска поставка и за локалитетот Кокино

Ана Ололовска

Археолошкиот музеј од денеска отворен за посетители

Ана Ололовска