„Шопенова вечер“- концерт на млади музички таленти од Битола

Од:

Друштвото за македонско-полско пријателство и соработка „Висла“, огранок во Битола, и Државно музичко училиште-Битола, a со поддршка на Амбасадата на Република Полска во РС Македонија, вечер во битолскиот Музеј ќе го одржат 26. концерт „Шопенова вечер“ културен настан на кој ќе се претстават млади музички таленти од овој град.

Во рамки на програмата ќе настапат Ева Неделковска ученичка во петто одделение, Софија Михајловска од шесто одделение, Кристијана Илиевска од седмо одделение, Деан Павловски и Николче Петкоски од осмо одделение, како и средношколците Викторија Чавдаровска, Андреа Николовска, Јована Арсоска, Михаил Јагуриновски, Емануел Петрески, Љубица Здравковска, Исидора Ангелеска, Злата Даниловска, Христина Трајаноска и Бојан Димитровски.

Младите музички таленти, придружувани од своите професори Марија Шамоска Буџаковски, Ана Попова Трајановска, Билјана Димовска, Маја Божиновска, Вера Поповска, Верица Дивитарова и Јана Четелева Белевска, ќе ги изведат познатите Мазурка, Етида, Полонеза и други дела од Шопен.

Традиционалниот концерт ќе се одржи во салата на клавирите во НУ Завод и Музеј-Битола.

Би можело да ве интересира

Протест против полициската бруталност во Битола: „Сакаме правда, и Ромите се граѓани“

А1он

Во Битола денеска протест против полициската бруталност

А1он

„Гравитациски бранови“ во рамки на фестивалот „Деновите на македонската музика“

Ана Ололовска

Камерен концерт на млади музичари во претседателската вила

Ана Ололовска

Композиторката Ана Пандевска со светска премиера во Германија

Ана Ололовска

Со концерт на Владимир Четкар, во Битола завршува фестивалот „Музика од светот“

Ана Ололовска