„Шиндлеровата листа“ и го уништилa животот

Од:

Оливиа Дабровска денес има 24 години, а кога глумела во филмот „Шиндлеровата листа“ имала само три години.

Таа остана препознатлива по малото девојче во црвен капут, сцена која остана во меморијата на скоро сите кои го гледале филмот. Сепак, таа вели дека токму тој филм, и го уништил животот.

Ми беше срам и им бев лута на родителите што на сите им рекоа дека глумам во филмот. Сите велеа дека сигурно знам многу за Холокаустот и тоа ме лутеше. Во средно училиште не ја открив таа тајна, но луѓето дознаа преку интернет – вели Дабровска.

Таа го прекршила ветувањето кое му го дала на режисерот Стивен Спилберг, и го погледнала филмот кога имала само 11 години, а не 18 како што ветила.

Денес признава дека е горда на фактот што била дел од приказната.

Спилберг беше во право. Требаше да пораснам, за да можам да го видам филмот и да ја сфатам поентата – смета девојката.

Кога ќе ги заврши студиите, таа сака да се посвети на издаваштвото.

„Шиндлерова листа“ освои седум Оскари, три Златни Глобуси. Оваа година, слави 20 години од емитувањето.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето