Шилегов: 2020 да биде година на Славко Јаневски

Од:

Градоначалникот Петре Шилегов, на наредната седница на Советот на Град Скопје ќе предложи 2020 да биде прогласена за година на Славко Јаневски, во чест на стогодишнината од неговото раѓање. Ова е само еден доказ дека Град Скопје се грижи и ги вреднува нашите вистински вредности, наведуваат од Град Скопје.

-Во текот на целата година, Градот ќе организира и ќе поддржува низа активности во чест на овој наш голем творец. Меѓу другото, предвидена е голема изложба за ликот и делото на Јаневски, поддршка на реиздавањето на неговите дела и именување на улица, а еден од скопските ѕидови ќе го краси мурал во негова чест, се посочува во соопштението.

Активностите за одбележување на овој голем јубилеј започнуваат од денеска со поетското читање насловено како „Произведувачи на зборот“ во Културно информативниот центар, со почеток од 19.30 часот, на коешто ќе се обрати претседателката на Советот, Љубица Јанчева, наведуваат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска