„Сестра Касијана“ нов роман на авторот Добре Тодоровски

Од:

Во издание на книгоиздавачката куќа ,,Матица“-Скопје, од печат излезе најновиот роман „Сестра Касијана“ чиј автор е писателот од Битола, Добре Тодоровски.

Во романот се обработува реална приказна за два живеани света на носечкиот лик, оној од секојдневното живеење и тематики од монашкиот живот на сестрите монахињи, кои одлучиле животот да го посветат во служење во нашите православни манастири. Направен е обид барем малку да се долови еден таинствен свет исполнет со молитви, немерлива љубов и среќа во славењето на нашиот Господ Бог, посочува авторот Тодоровски.

-Станува збор за возбудлив приказ за една млада девојка, исклучителен талентиран оперски глас, кој ги надминува границите, како и нејзиниот мирен животен од силна желба да севдахне духовност на обездуховениот народ, за што одлучува да се замонаши, нагласи Тодоровски и доде дека замислата, или подобро речено целосната приказна е придонес кон нашата света вера и оние наши луѓе кои во потполност се посветиле да го слават Господа и сите наши знајни светци во кои постојано се молиме. Замислата е одроденото да се препороди, да се врати животот во светите манастири, како духовна поткрепа и вербата на нашиот човек.

Романот „Сестра Касијана“ е работен повеќе години со посета на манастири, со запазување на сите канонски норми, утврдени црковни правила и присуство на монашките послушанија, содржи три целини и е напишан на 284 страници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

„Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во НОБ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ