Серија предавања и дискусии за уметниците и културните работници на пазарот на трудот

Од:

Во рамки на програмата „Современа култура и културни политики/Други простори“, Здружението Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата организира серија предавања со дискусии за позицијата на уметниците и културните работници на пазарот на трудот, односите меѓу уметниците, менаџерите и публиката и нивното меѓусебно влијание. Ќе се дискутира и за меѓусебното влијание со општествените авторитети и средината во која делуваме.

Како што соопшти „Локомотива“, предавањата ќе бидат проследени со дискусија на англиски јазик, со пренос во живо кој ќе може да се проследи на https://www.facebook.com/LOKOMOTIVA

Според програмата, вечер, со почеток во 20 часот, предавање ќе има Катја Празник (Словенија/САД) за „Невидливиот труд на уметноста: придонес кон работна еднаквост во уметноста“.

На 2 јули годинава предавање ќе има Елеонора Монтање (Италија/Франција) за „Учесници во уметноста и нивната „верност кон уметничкиот настан.“ За примената на настанот на уметничкиот концепт од Бадју“.

На 6 јули 2020 година предавање „Анималност, грижа и одговорност – Спекулативна одговорност за животинската сродност“ ќе има Алвизе Фавото (Италија/Велика Британија).

Програмски уреднички на серијата предавања со дискусии се Биљана Тануровска – Ќулавковски и Виолета Качакова. Координатор на програмата е Зорица Зафировска.

Дел од програмата „Современа култура и културни политики” на Локомотива во Кино Култура, која е финансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје, и како дел од програмата „Други простори“ на проектот ACT: Act, Climate, Transition/Уметност, Клима, Промена, ко-финансиран од програмата Креативна Европа на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Вкупно 33 апликации на конкурсите за млад и зрел уметник што ги објави Националната галерија на Македонија

Ана Ололовска

Работилници за мозаик со уметникот Никола Упевче отворени во Охрид

Ана Ололовска

Детска ликовна работилница на отворено во Куманово

Ана Ололовска

Перформанс „Зошто“ на Спасе Перовски во Младинскиот парк во Велес

Ана Ололовска

Уметничката галерија во Тетово со повик до уметниците кои сакаат да изложуваат во 2012 година

А1он

Во тек конкурсот за наградата „Антево перо“

А1он