Се отвора изложбата „Трета страна на стварноста“ во МСУ

Од:

На 24 октомври (четврток), со почеток во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Трета страна на стварноста“, курирана од Ивана Васева, а со дела од колекцијата на МСУ.

Постановката отвора повеќе дилеми на едно кондензирано место – што значи солидарноста кога станува збор за вредностите кои фрлаат нова светлина и обезбедуваат поинаков поглед кон постоечката целина на знаењето?

Дали современоста, гледана како антагонистички простор од повеќе делови од минатото, може да ни посочи нови вистини, како дел од политичката желба за иднината? И дали има некои други аспекти кои можат да се земат превид при разгледувањето на нивното денешно значење?

Еден од можните начини за критичко преиспитување на солидарноста и современоста е колекцијата и архивата т.е. нивната селекција, пристапот, начинот на изложување и претставување ја одредува и нивната идентитетска и идеолошка политика и позиција.

Во средината на постановката е и инсталацијата „Архиликс“ на архитектот и уметник Срѓан Јовановиќ Вајс, која е специјално создадена за оваа изложба.
Тој вели: „Тежнееме кон жалење или фалење кога нештата „ќе отидат во погрешна насока“ во институциите на културата, како протекувањето. Прашањето е: дали навистина работите одат во погрешен правец? Или дали протекувањето е дел од поголема потрага по праведност во современиот простор? Или, дали имаме некаква идеја за што навистина е тоа погрешно нешто? Овие прашања се важни за која било од институциите за современа уметност, како што се и институциите во Скопје. Она што „Архиликс“ го прави во најконтестираниот музеј во Скопје е обележување на протекувањата кои музејот ги имал, има, и ќе ги има. Ништо помалку и ништо повеќе.

„Архиликс“ е за вклучување на грешките во генералната наратива на општествениот простор“.

Во рамките на изложбата на 25 октомври (петок), во МСУ, со почеток во 19 часот предавање ќе одржи архитектот и уметник Срѓан Јовановиќ Вајс.

Вајс е архитект и урбанист кој живее и работи во Њујорк. Тој е моментално визитинг професор на Харвард Дипломската школа за дизајн и на Градскиот колеџ во Њујорк Спитцер школата за архитектура. Вајс е основач на Normal Architecture Office, NAO.NYC и бил главен на истражување кај Herzog & de Meuron Архитекти во Базел. Тој е коосновач на School of Missing Studies. Страста на Вајс е да работи со уметнички визионери како Јона Фридман, Ан Тунг, Џени Холцер и низа на современи уметници и куратори. Над сè, тој сака да се поврзува со луѓе од секојдневието, инсталери, градители и било кој друг/а во процесот на правење на нешта да се случат ин ситу. Вајс предавал и изложувал насекаде по светот.

Изложбата исто така одбележува и 55 години од формирањето на Музејот на современа уметност како музеј на солидарноста. А она што е важно во овој глобален капитализам, во контекстот на 21 век, е дека не само што заедништвото и грижата за заедничкото, надвор од флосулите, празните зборови и идеолошките непријатели, ни е дел од идентитетот, туку и единствена опција за иднината.

Изложбата е поддржана од Министерство за култура на Република Северна Македонија, Град Скопје и организацијата „Факултет за работи што не се учат (ФР~У)“.

Би можело да ве интересира

Изложба „Мустаќлии“ во Мала станица

Ана Ололовска

Отворање на новата галерија „Анагор“ со изложба на Зоран Кардула

Ана Ололовска

ДЛУМ го промовираше новиот простор со изложба на претседателите на Друштвото

Ана Ололовска

Изложба на скулптури во МКЦ на македонскиот скулптор Aлександар Eфтимовски

Ана Ололовска

Изложбата „Скопје, одново“ ја раскажува историјата на колекцијата на МСУ – Скопје

Ана Ололовска

„Фрагменти“ на Башески претставена во НУЦК „Марко Цепенков“

Ана Ололовска