Се отвора 55-то Венециско уметничко биенале

Од:

Најстарата и најпрестижната манифестација за современата ликовна уметност, Венециското биенале, денеска се отвори за стручната јавност, додека пошироката публика ќе може да го посети од 1-ви јуни до 24-ти ноември.

Годинава ќе се претставуваат 90 национални павилјони, меѓу кои, за прв пат и Ватикан, Косово, Нигерија, Бахами, Кувајт, Малдиви, Парагвај, Брегот на Слонова коска, Kралството на Бахреин.

На централната изложба насловена „Енциклопедиска палата“, уметничкиот директор и главен куратор на биеналето, Максимилијано Џони, во Италијанскиот павилјон покани уште 150 уметници.

„Енциклопедиска палата“, е дело на италијанско-американски уметник Марино Аурити кој во 1955 година со Американската канцеларија за патенти го објавил дизајнот на „Енциклопедиска палата“ – имагинарен музеј во кој требало да се собере светското знаење и на едно место да ги обедини најголемите достигнувања на човековата раса, од тркалото до сателитот.

-Се разбира неговиот план не бил никогаш реализиран, но сонот за универзално, севкупно знаење се провлекувало низ историјата – вели Џони.

Според претседателот на Венециското биенале, Паоло Барата, годинава повторно е спроведена „двојната“ форма дефинирана во 1998 година – голема меѓународна изложба режирана од куратор специјално избран за оваа намена и национални учества.

-Индивидуалните национални павилјони се важен белег на Венециското биенале. Таа формула е драгоцена во време на глобализација, бидејќи дава основен материјал за референциите според кои секогаш новите, разновидни, автономни географии на уметници може да се посматраат и подобро да се запознаат. Може да се постави прашањето до кои граници овие павилјони ја носат со себе желбата за репрезентација на својата земја, кој го организира претставувањето, иако автономијата на кураторите е голема – вели Барата.

Од сите балкански земји најголем павилјон има Србија која го наследи од Југославија, другите држави секоја година бараат простор за своето претставување.

Македонија годинава ја претставува уметницата Елпида Хаџи-Василева, која живее во Брајтон, Велика Британија. Нејзиниот проект предизвика контроверзи и реакции од здруженијата за заштита на животните, бидејќи во изработката биле употребени кожи од стаорци и живи стаорци.

Би можело да ве интересира

Електричен автобус излета од пат во Венеција, 15 повредени

ВИДЕО: Врисоците се претворија во мртва тишина од која се заледува крвта – сведок на несреќата во Венеција

Голема истрага во Италија: Брачен пар од Србија го однесе синот во болница, лекарите не можеа да го спасат

УНЕСКО предупредува: Венеција е во опасност, со години се бори со климатските промени

Водата во главниот канал во Венеција стана флуоресцентно зелена

Горан Наумовски

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска