Се одржа годишен концерт на КУЗ „Карпош” Крива Паланка

Од:

Над стотина играорци и играорки од различна возраст синоќа настапија на годишниот концерт на Културно-уметничкото здружение „Карпош” од Крива Паланка, кој воедно претставува одбележување на 49 години од постоењето на најстарото фолклорно здружение од градот под Осоговието. Концертот е финансиски поддржан од Министерството за култура.

– На концертот кој одбележува 49 години постоење на здружението се претставија четири наши ансамбли, три младински и еден детски ансамбл кои ги претставија кореографиите што се обележје на македонскиот фолклор и традиција, меѓу кои: Тресеница, Игри и песни од Егејскиот крај- оро Солунска, Пајдушко, Заврзлама и други. Гости на концертот беа нашите драги соработници и пријатели од Културно уметничко друштво„Запис”, Трстеник, Република Србија, изјави претседателот на КУЗ „Карпош” Крива Паланка, Миле Николовски.

Со овој концерт беше надополнета програмата на Кривопаланечко културно лето што почна синоќа со „Вечер на Осоговски староградски песни”.

Следниот настап на КУЗ Карпош е учеството на Меѓународен фолклорен фестивал во Херцег Нови, Црна Гора.

– Од 16 до 23 јули ќе бидеме дел од Меѓународниот фолклорен фестивал во Херцег Нови, потоа на 31 јули и 1 август ќе учествуваме на “Босилеградско краиште игра и пее” во Босилеград, Република Србија, 14-15 август учество на “„абланичко срце”, Лебане, Србија, 16-17 август Меѓународен фолклорен фестивал во Опланиќи, Краљево, Србија, потоа ќе учествуваме на фестивалот во Куманово, во организација на КУД „Срма” Куманово и „Љиљан”, Скопје, а крајот на месецот е резервиран за нашиот познат кривопаланечки 16-ти Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски”, додаде Николовски.

Во септември КУЗ „Карпош” со финансиска поддршка од Општина Крива Паланка од програмата за поддршка на здруженија и фондации ќе одржи целовечерен концерт на изворни песни од Кривопаланечко.

Би можело да ве интересира

В петок 33-то издание на „Охридските староградски средби“

Ана Ололовска

Заврши Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“

Ана Ололовска

Промоција на монографијата „Од Љубанишча до Дебор“ од Љупчо Милошески

Ана Ололовска

Почнува 11. Фестивал на народна култура „Пображење“ во Вевчани

Ана Ололовска

Спектакуларен концерт на „Танец“ на плоштадот во Струмица

Ана Ололовска

Концерт на „Танец“ во Филхармонија

Ана Ололовска