„Се гледаме во Опсан“ – издание на ТРИ од новата едиција „Магични приказни“

Од:

Издавачки центар ТРИ ја објави книгата за деца „Се гледаме во Опсан“ од шведската авторка Сила Јакерт, во превод на Ивица Челиковиќ. Книгата е дел од новата едиција „Магични приказни“ поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Овој роман ќе ве одведе на најљубопитниот рид на едно детство, на кој се наоѓа Опсерваторијата во Стокхолм, или Опсан, местото каде што неколку деца го поминуваат летниот распуст криејќи се од себе и од светот. Аника, коja со душа го чека распустот, по една малку прерано дојдена новина во семејството, мора да остане во градот и да се помири со тоа дека ѝ пропаѓаат сите замисли за одмор со мама и тато. Но секоја промена на планот носи и добри нешта, нели?

Во овој прекрасен роман во кој детскиот кадар е свртен кон самоодговорноста да се порасне надминувајќи ги семејните кавги, промени, проблеми, авторката успеала да ни претстави неколку детски ликови што пленат со својата едноставност и нѐ поттикнуваат на размислување за нивното место во семејството и во светот.

Сила Јакерт е шведска авторка на книги за деца. Иако формално образование стекнала во општествените науки и историја, таа работи како уредник на весник и сценарист. Во 2013 година ја доби наградата „Чатал“ на Сојузот на писателите на Шведска за дебитантската книга „Денешни катастрофи“. Во 2014 година го објави „Се гледаме во Опсан“, книга за сите мали и големи деца.

Би можело да ве интересира

„Промоција на „Волшебната авантура” и „Одмаздата на богомолката” од Оља Петрушевска -Томева

Ана Ололовска

Книгата „Клуб на обожаватели“ од Горан Трибусон преведена на македонски јазик

Ана Ололовска

Дела од 30 писатели на литературната е-манифестација „Илинден“

Ана Ололовска

Авторката на серијалот „Хари Потер“ издаде нова книга која поради пандемијата ќе биде бесплатна

А1он

Излезе од печат збирката раскази „Скопски дамари“ од Благоја Иванов

Ана Ололовска

„Переводчик” ја објави поезијата на Матеја Матевски

А1он