Сара Климоска од Берлиенале се враќа со наградата за Европски актер во подем за 2021

Од:

Вчеравечер EUROPEAN SHOOTING STARS за 2021 беа дел од официјалната церемонија за доделување на наградите за најдобри европски актери во подем која се одржа на специјално изградената сцена на Berlinale Museum Island. Наградите ги додели Maria Schrader – која е во главна улога на филмот “I’m your man”, филм кој е добитник на Сребрена Мечка на Берлинскиот филмски фестивал.

„Имав прекрасни, возбудливи и интензивни три дена во Берлин на првата летна едиција од Берлинскиот филмски фестивал. Конечно имав можност во живо да ги запознам колегите до кои ја делам наградата European shooting stars и навистина секој еден од нив е исклучителен! Благодарна сум на Агенцијата за Филм на РСМ за номинацијата и на European Film Promotion за наградата и за приредување на едно неверојатно искуство“, изјави Сара Климоска.

Сара Климоска беше номинирана за оваа награда од страна на Агенцијата за филм на РСМ, која е долгогодишна членка на European Film Promotion.

Би можело да ве интересира

Берлиналето ќе биде отворено со филм со Изабел Аџани

Ана Ололовска

Македонската копродукција „Малмкрог“ со награда на Берлинале

Ана Ололовска

Филмот „Благодарение на Бога“ пред можна забрана за прикажување во Франција

Ана Ололовска

Благој Веселинов ја прими наградата од „Шутинг старс“ на Берлинскиот филмски фестивал

Ана Ололовска

Берлинале: Приказната за штипјанката што скокна по крстот ја возбуди филмската критика

Ана Ололовска

„Кога дрвјата паѓаат“ премиерно на Берлинале

Ана Ололовска