Самостојна изложба на Верина Николова Суважон во Галерија „КО-РА“

Од:

Самостојната изложба на Верина Николова Суважон насловена „Љубов“е отворена синоќа во Галерија „КО-РА“ во Ј.У.Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје,

Изложбата на цртежи, графики и колажи презентира 46 дела од повеќе фази на младата уметница.

-Оваа изложба со обилство специфична изразна лексика, преполна со неочекувани изразни сегменти е насловена „ЉУБОВ“ .Изложбата посочува повеќе разнородни парадигми посочувајќи ја демистификацијата во осознавањето на релациите кои се секогаш едниствени и неповторливи кои вечно остануваат енигма мистифицирана до ниво на мит и култ исконски поврзуван со поимот Љубов како комплексен и многузначен феномен. Никогаш целосно доосознаена, љубовта претставува неисцрпен предизвик за осознавање, разоткривање и најразнородно интерпретирање, вели Виолета Калиќ кон изложбата на Верина Николова.

Ова е прва саностојна изложба на уметницата, а ќе биде отворена до 14 декември годинава.

Верина Николова е родена 1988 година во Скопје. Завршила Факултет за ликовни уметности, во класата на проф. Зоран Јакимовски во 2011 година. Член е на Друштвото на македонските уметници, ДЛУМ,од 2011. Студиски патувања има реализирано во Италија, Холандија, Белгија, Германија, Австрија, Шпанија, Португалија, Чешка,повеќе престои во Франција. Учествувала на голем број групни изложби во земјата и надвор.Од 2011 година живее и работи во Франција.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“