Самостојна изложба на Валмир Азири во КИЦ – Скопје

Од:

Во Културно Информативниот Центар – Скопје вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата на дигитални принтови од ликовниот уметник Валмир Азири. Изложбата насловена „Сенките на душата” ќе биде претставена во изложбените салони Империјал 1 и 2.

На изложбата ќе бидат прикажани вкупно 30 дела со дигитален принт од ликовниот уметник Азири.

Валмир Азири e роден во 1977 година во Тетово. Дипломирал на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово, отсек графички дизајн, во класот на професорот Сафет Спахиу. Долго време е член на Здружението на ликовни уметници, има реализирано самостојни изложби, а учествувал и на групни изложби. Во 2009 година е именуван за директор на Уметничката Галерија во Тетово, во 2011 година е назначен за директор на Театарот во Тетово, а од 2017 година е државен секретар во Министерството за култура.

Самостојни изложби на авторот се изложба нa фотографии во 2008 година со наслов „Рефлексија”, а втората изложба ја реализираше во 2016 година со дигитални графики наслована „Во почетокот беше зборот“.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“