Самостојна изложба на илустрации на дизајнерот Давид Ристевски

Самостојната изложба на комбинација од илустрации со реални фотографии на дизајнерот Давид Ристевски, попознат како Dreadpen, ќе биде отворена утре со почеток во 19.30 часот, во Concept 37 во Скопје. Изложбата носи наслов Photo Invasion и е инспирирана од Instagram фотографии, не/секојдневни искуства, стрипови, цртани и филмови.

На изложбата ќе има инвазија на „украдени” слики од Instagram со илустрации од чудовишта со различен вид, изглед и форма. Оваа комбинација на реална фотографија со илустрација добива нова димензија и порака.

„Процесот на создавање на ликовите најчесто е спонтан и на некој начин претставува имагинарен излез од секојдневието кој еволуира во карактер. Со тек на време тој карактер прераснува во подобро осмислен и со своја приказна,“ додава Ристевски.

Исто така, на изложбата ќе може да се најдат и парчиња од новата зимска колекција на Dreadpen, кои заедно со сликите ќе бидат од продажен карактер. Авторот ветува добра забава и ве поканува да ја посетите изложбата.

Би можело да ве интересира

Самостојна изложба „Магијата на цветовите“ на Tасим Кадрија во Софија

Ана Ололовска

Самостојна изложба со иконографскa резба на Мирче Аврамоски

Ана Ололовска

Изложба на ДЛУМ „Цртеж-Експериментален цртеж“

Ана Ололовска

Изложба на скулптури од Андреј Миневски во Кратово

Ана Ололовска

Меѓународна изложба „Уметност, меѓународна група и пријатели“ во Прилеп

Ана Ололовска

Изложба на академскиот сликар Милко Нестороски

Ана Ололовска