Самостојна изложба на академскиот сликар Спасе Перовски во Градско

Од:

Самостојна ликовна изложба на академскиот уметник Спасе Перовски вчера беше отворена во салата на Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско, во рамки на одбележувањето на Денот на Општина Градско – 16 Декември.

Оваа е негова 11 самостојна изложба, на која се претставени 15 слики масло на платно и комбинирани техники во различни димензии, од големи до сосема мали дела кои се израбитени во неговиот ран творечки опус, од 2000 до 2008 година.

-Изложбата насловена „Велес Виа Градско“ е симбилочна, како селење од Велес кон Градско, појаснува за МИА авторот Спасе Перовски, кој последниве години работи и секој ден патува на релација Велес- Градско – Стоби, каде е и директор на НУ „Стоби“.

Изложбата има 15 дела, од кои може да се издвојат две групи од неговиот творечки опус. Првата е од изложбата „Истражување на духот“, а другите дела се од изложбата „Круг“. Двете изложби веќе и беа презентрани на јавноста, едната во 2000 и втората во 2008 година. Тие опфаќаат мал ретроспективен опус на творештвото, односно се мал пресек од раното творештво на авторот Спасе Перовски.

-Изложбата „Истражување на духот“ е составена од форми кои имаат врски со православието како христијански елемент, пред се симболични за да има дирекна врска со христијанството и во принцип тие произлегуваат од православното христијанство. Додека втората изложба „Круг“ го опфаќа самиот круг како симбол, но има и две работи кои го произведуваат кругот. Едната се вика атракции и репулсија – малата графика и другата е истражување на форма преку два пресеци, пресек на круг практично не на два туку на четири круга. Значи она што се случува помеѓу нив е визуелна тема на тоа дело, појаснува Перовски.

Освен со свои самостојни изложби, акдемскиот сликар Спасе Перовски учествувал и на ликовни колонии, а изработувал и самостојни уметнички и други проекти и визуелни инсталации.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“