„Сајберкултура“ по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

Од:

Националната галерија на Македонија традиционално го одбележува Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби преку проектот социјална инклузија „Сајберкултура“. Осум скопски гимназии ќе учествуваат со уметнички мозаик, а за учество во овој проект на сите учесници ќе им бидат доделени благодарници и пригодни подароци.

Појавата на Интернет и дигитализацијата во секојдневниот живот доведе до нови форми на општествени активности кои ја вклучуваат и областа на сајберкултурата. Сајберкултурата често се поистоветува со дигитална култура, интернет-култура, виртуелна култура итн. Сето ова укажува на еден тренд во современото живеење, на начинот на кој се одвиваат комуникациите и размената на информации. Улогата на Интернет, кој е еден вид есперанто јазик, создава виртуелни и онлајн комуникации кои се општоприфатени од сите возрасти, наведуваат органзиатрите на „Сајберкултура“.

Проектот е своевидно огледало нашата стварност, еден вид одговор на сето она што се случува во светот, на она што се случува кај младите луѓе, без разлика дали се деца од редовната настава или деца со попреченост.

Едукатор на проектот е Маја Димитрова, а проектот ќе може да се погледне до 5 јануари.

Би можело да ве интересира

Влада: Започнува процесот за креирање на нова Национална стратегија на лицата со попреченост

А1он

Тренчевска: Преку соработката со граѓанските организации обезбедувaме поддршка за сите граѓани​

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Отворен првиот мал групен дом за лица со попреченост во Велес

Ана Ололовска

УНИЦЕФ ја осудува секоја повреда на правото на децата на квалитетно и инклузивно образование

А1он

Коалиција „Менуваме“: Во Скопје 1,2 отсто пристап за лицата со попреченост

Ана Ололовска

Коалиција Менуваме: Дали Градот Скопје донел одлука за забрана на влез на лицата со попреченост кои имаат кучиња сервиси во јавниот превоз

Ана Ололовска