Рускиот баритон Дмитри Хворостовски ќе го отвори 53-то „Охридско лето“

Од:

Со настапот на светски познатиот баритон, оперската ѕвезда од Русија Дмитри Хворостовски, ќе биде отворено годинешното 53-то по ред издание на најмасовната и најпознатата музичко-сценска манифестација во Македонија, фестивалот „Охридско лето“.

Како што беше истакнато на денешната прва прес-конференција по повод годинешното фестивалско издание, маестро Хворостовски за чиј глас светската критика вели дека „мириса на луксуз“, на 12 јули на свеченото отворање на фестивалот на Античкиот театар ќе настапи во придружба на Оркестарот и Хорот на Македонската опера и балет, под диригентска палка на Константин Орбелиан.

Директорката на фестивалот „Охридско лето“ Елизабета Јанкуловска истакна дека и оваа година на сцените на Долни Сарај, Предворјето на Света Софија, Античкиот театар вљубениците во класичната музика и театарот ќе можат да проследат настапи на она што претставува врв во уметноста во светски рамки.

– Како што ветивме минатата година, веќе се познати имињата на уметниците што ќе продефилирааат на годинешното 53-то издание на фестивалот Охридско лето. Оваа година најавувавме спектакуларно фестивалско издание, како логично продолжение на успешната приказна за фестивалот, рече Јанкуловска.

На денешниот прес беше соопштена само дел од програмата на 53-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Дел од возбудата што го носи фестивалот оваа година ќе бидат настапите на пијано дуото Корољеви, светски познатиот виолончелист Антонио Менезес, неповторливото виолинистичко име Немања Радуловиќ…

Како што истакна селекторот на музичката програма на „Охридско лето“ Гордана Јосифива- Неделковска, големите светски уметници се дел од „Охридско лето, со што фестивалот го потврдува својот рејтинг во Светската фестивалска асоцијација, а сцените Света Софија и ексклузивниот Антички театар се потврдуваат како дел од светските елитни сцени.

– Нашите заложби одат кон реализација на поквалитетно издание од претходните, со програма што ќе биде квалитетна, атрактивна, неповторлива и возбудлива. И оваа година во програмата ќе бидат вклучени уметници со светско реноме, а задоволството е дотолку поголемо што најголем дел од нив за првпат ќе се претстават во Македонија, некои дури и во регионот, рече Неделковска.

Како посебен крем на годинешното „Охридско лето“ беше најавен настапот на светската атракција,  гудачкиот квартет „Бонд“ со целовечерниот гала-концерт што ќе се одржи на сцената на Античкиот театар на 27 јули.

Кога станува збор за театарскиот дел од програмата на фестивалот, селекторот на драмската програма Ѓорѓи Јолевски вели дека ќе биде исклучително богата, со 11 театарски претстави, многу премиери.

– Дури 40 отсто од театарската програмата се премиерни изведби, што значи дека токму тука ќе го видат светлото на уметничкото битисување. Толку многу премиери е реткост што може да си го дозволи само фестивал со реноме какво што носи „Охридско лето“.  Досега се покажало дека сите премиери што биле изведени на „Охридско лето“, понатаму да имаат совј интеренационелн пат, со претставувања на своите вредности на фестивали надвор од Македонија, рече Јолевски.

Јолевски денеска издвои три претстави од драмскиот дел на програмата на годинешното „Охридско лето“, и тоа претставите „Мизантроп“ од Молиер во изведба на Турскиот театар од Скопје, „Спортска претстава“ според текст на нобеловката Елфрида Јелинек во изведба на „Џаст а маст“ театарот од Лондон, како и „Браќа Карамазови“ на Достоевски во изведба на дубровачкиот театар „Марин Држиќ“.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма