Румена Бужаровска прогласена за една од десетте најинтересни писатели во Европа

Од:

Меѓународното жири на Лондонскиот саем на книга за 2016 година ги прогласи десетте најинтересни писатели во Европа, меѓу кои е и македонскаа писателка Румена Бужарвска. Се работи за проектот „New Voices“ во рамките на кој се прогласени новите европски книжевни таленти, проектот е  дел од програмата „Literary Europe Live“ (LEuL), во организација на меѓународната платформа за поттикнување на меѓународната книжевна размена „Literature Across Frontiers“

За ова признание, Бужаровска ја номинирале хрватското друштво на писатели и здржението Културтрегер. Нивната номинација била прифатена со образложение дека се работи за: „исклучително образована авторка, која во своите раскази идеално ги споила локалното, македонско, транзициско со универзалното, со  човечките драми и социјални притисоци, во лесно преводливите, уметнички – беспрекорни раскази, кои освен длабокиот увид во човечката психа, содржат и димензија на социјална критичност и освестеност“.

Расказите на Бужаровска ќе бидат објавени во антологијата на англиски јазик, заедно со другите девет најинтересни млади писатели во Европа и нивното творештво ќе биде претставено на книжевните фестивали во Велика Британија, Шпанија, Белгија, Норвешка, Хрватска, Словенија, Унгарија.

Таа беше меѓу почесните гости на Фестивалот за краток расказ кој се одржа во Загреб и Осијек од 30 мај до 3 јуни, на тема „On/No Trespassing: за границите и луѓето“.

Бужаровска е авторка на три книги раскази „Чкртки“ (2007), „Осумка“ (2010) и „Мојот маж“(2014). Нејзините раскази се преведени и објавени во англиски, словенечки, германски, хрватски, француски и бугарски антологии и книжевни списанија.

 

А.Б.

Би можело да ве интересира

Фестивал на современа македонска поп музика – ПОП КУЛТУРА, наскоро и винил издание

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Со народни пари ќе се финансира фестивал во Косово, додека домашните едвај врзуваат крај со крај

А1он

26 полицајци се повредени на еритрејски културен фестивал во Штутгарт

(ВИДЕО) Почна „егзодусот“ од Burning Man, 64.000 луѓе во колоната

Време е за светскиот звук дома: Музиката на светот на 14. издание на фестивалот во Битола