Романската писателка Дојна Рушти гостува на книжевниот фестивал „Букстар“

Од:

На Фестивалот на европската книжевност „Букстар“ (BookStar), кој го организира издавачката куќа „Антолог“, вечер ќе гостува романската писателка Дојна Рушти и ќе биде промовиран нејзиниот роман „Елиза на единаесет години“ преведен на македонски јазик.

Преводот, кој „Антолог“ го објави со поддршка на Романскиот културен институт од Букурешт, ќе го промовира писателот и литературен критичар Ермис  Лафазановски.  Романот е добитник на наградата „Јон Креанга“ на Романската академија во 2009 година и во моментов според него се снима филм.

Дојна Рушти (1957) е една од најпознатите писателки од Романија, која своите дела почнала да ги  објавува по падот на комунизмот. Авторка е на осум книги и на голем број раскази, вклучени во разни антологии. Авторката е преведена на десет јазици.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска