Романот „Врски“ од Емануела Пагано објавен на македонски јазик

Од:

Издавачката куќа „Готен“ го објави романот „Врски“ од француската писателка Емануела Пагано. Преводот од француски јазик е на Ацо Пероски.

-Што е љубовта? Дали нејзините манифестации се бесконечни? Во што се состои нејзината повторливост? Дали една куса ситуација може да објасни цела љубовна приказна? Кога е љубовта поинтензивна, кога е кус фрагмент или кога е голема заокружена приказна, се наведува во соопштението на издавачката куќа.

Како што се посочува, романот се обидува да одговори на овие прашања, внесувајќи нè во светот на љубовните приказни на повеќе од 300 различни врски. Книгата опфаќа сцени меѓу сите родови и сексуалности, вклучувајќи ги првите состаноци, зависности, горчливи сеќавања..

-Емануела Пагано ги бележи мирисите, гестовите, гласовите кои ги споиле и раздвоиле двајцата љубовници и го тематизира нивното прашање на територијата, просторот, блискоста и оддалечувањето, слободата и доминацијата. Првичната воодушевеност од средбата, деталите што на почетокот оставиле впечаток, смешната карактеристика која освоила некого, се појаснува во рецензијата.

Од издавачката куќа посочуваат дека „Врски“ е огромна прослава на љубовта, калеидоскопска слика на различните видови љубов и сексуалности со кои се соочува модерниот човек.

Емануела Пагано е француска писателка. Студирала аудиовизуелни уметности и до 2012 година работела како професорка по ликовна уметност, а потоа целосно се посветува на пишувањето. Авторка е на петнаесетина прозни книги. За својот роман „Троглодитни тинејџери“ ја добила Наградата на Европската Унија за книжевност во 2009 година. Романот „Врски“ е објавен во 2013 година. Нејзините книги се преведени на десетина европски јазици.

Ацо Пероски дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Постдипломските студии ги продолжил на Институтот за филозофија во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје во 2009 година. Соработува со повеќе издавачки куќи како уредник и преведувач. Преведува од англиски, француски, српски и хрватски јазик. На македонски има преведено повеќе од седумдесет книги, меѓу кои и дела од Џон Фаулс, Леонард Коен, Данило Киш, Зејди Смит, Ајрис Мердок, Борис Вијан, Мишел Уелбек, Колсон Вајтхед, Џулијан Барнс и други современи автори.

Издавањето на книгата е поддржано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска