Романот „Осмото светско чудо“ на Јордан Плевнеш промовиран на англиски јазик во САД

Од:

Македонскиот писател и драматург Јордан Плевнеш во Писателскиот центар во Бетезда во Вашингтон го претстави англиското издание на неговиот роман „Осмото светско чудо“.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, романот, напишан во 2006 година, е издаден на повеќе светски јазици и ова е негово првo издание за англиски јазик, во превод на Вил Фирт. Издавач е „Пламен прес“.

– Дејството на романот се случува во Берлин во 1989 година, во периодот пред падот на Берлинскиот ѕид. Затоа е мошне пригодно што промоцијата (на англиски јазик) на ова издание го правиме среде чествувањата по повод 30-годишнината од овие настани, увертира во крајот на Студената војна, изјави издавачот.

„Њујорк тајмс“ за делото на Плевнеш напиша дека „авторот ги сопоставува насилството во историјата на Европа со убавината на нејзините драмски трагедии. Сцени од литерарните канони на Есхил, Шекспир и Бекет се преплетуваат со расказ на еден автор“.

– Плевнеш е магионичар кој ја обединува и формулира вечноста на љубовта со трагичните слики од светската историја, оценува „Паблишерс викли“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска