Романот „Нишан“ на Блаже Миневски објавен на кинески јазик во Шангај

Од:

Романот „Нишан“ на Блаже Миневски е објавен на кинески јазик. Издавач на делото е една од најголемите и најпрестижни издавачки куќи во Кина „Shanghai Literature & Art Publishing House“, а преводот е на Ванг Личун.

Во најавата на романот, објавена во шангајските медиуми, меѓудругото се вели дека „Нишан“ е фасцинантен роман создаден на еден мал јазик во кој на маестрален начин е раскажана голема, возбудлива приказна за животот и смртта, за смислата и бесмислата на војувањето, за љубовта и омразата, за победата како пораз и за поразот како победа.

– Приказната е раскажана сигурно и убедливо, со разоткривање на бројните противречности, предрасуди и страдања пред кои е исправено човештвото, а истовремено спонтано и вешто се наметнуваат и прашањата за односот меѓу реалното и иреалното, за природната и креираната стварност, за големата лага на фикцијата, но и за фиктивноста на глобалната вистина, се наведува во најавата на издавачот.

Освен на кинески јазик, романот „Нишан“, добитник на наградите „Роман на годината“, „Стале Попов“ и „13 Ноември“, досега е објавен и на англиски, италијански, полски, српски, ерменски, бугарски, словенечки и арапски јазик, а наскоро ќе се појави и на унгарски, шпански и романски јазик.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска