Романот „Круг“ од Димитар Башевски објавен во Софија

Од:

Неодамна, софиската издавачка куќа „Персеј“ го објави романот „Круг“ од Димитар Башевски во превод на бугарски јазик.

Првото издание на овој роман кај нас е објавен во 2017 во издание на „Слово“, а второто издание го објави Издавачкиот центар ТРИ во 2018 година, со обемен поговор од академик Катица Ќулавкова. Во тој поговор, Ќулавкова истакнува дека со романот Круг, Димитар Башевски „создаде роман интересен, драматичен, богат со содржини, стилски необичен, јазично складен, психолошки изнијансиран… “

Книгите на Башевски досега се преведувани и објавувани и на англиски, чешки, романски, грчки, српски, турски и албански јазик. Тој е добитник на високите книжевни награди кај нас, вклучително и на награда за животно дело „Св. Климент Охридски“.

Би можело да ве интересира

Збирката „Дни, години“ на Димитар Башевски добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска