Романот „Историја на светлината“ од Јан Њемец објавен на македонски јазик

Од:

Романот „Историја на светлината“ од чешкиот писател Јан Њемец, книга за чешкиот фотограф Франтишек Дртикол и за почетоците на фотографијата како нов вид уметност, е објавен на македонски јазик. Преводот на македонски е на Диме Митревски.

Романот, кој го објави Издавачката куќа „Антолог“, е добитник на Европската награда за книжевност во 2014 година, како и на наградата „Чешка книга“. Преведен е на 12 јазици. Критиката го препорачува како за сериозните фотољупци, така и за лаиците.

Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската унија.

Јан Њемец (1981) е современ чешки автор. Студирал социологија и религионистика, како и театарска драматургија. Работи како уредник во издавачката куќа „Хост“ и во истоименото списание. Редовно пишува и во неделникот „Респект“. Од 2014 година е претседател на новоформираната Асоцијација на писатели. Син е на писателот Лудвик Њемец.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска