Романот „Божји Град“ на Пауло Линс објавен на македонски јазик

Од:

Романот „Божји град“ на реномираниот бразилски писател Пауло Линс е достапен и кај нас на македонски јазик.

Според приказната на овој роман е снимен филм номиниран за Оскар. Објавен е со поддршка од Министерството за култура и од бразилското Министерство за надворешни работи, во издание на „Бата прес“. Автор на преводот е Весела Моловска.

-Станува збор за врвен роман, објавен 1997 година, според кој во 2002 година, трилер сторија, која ја отсликува суровата реалност од животот на улиците во Бразил. Божјиот град е еден од најсиромашните квартови во Рио. Таму постојано се одвиваат вооружените пресметки на бандите. Сепак тоа е и местото каде што самбата се игра до зори, каде што блескаат најубавите жени. Се разбира, се игра и фудбал. Тоа е опкружувањето од каде што едно младо момче сака да избега и да стане професионален фотограф станува збор за долга, трагична приказна, во која мајсторски е раскажана приказната за животот и пресметките на гангстерите и водачите на бандите. Базирана е на долгогодишно истражување на вистински настани, соопшти издавачот.

Авторот Пауло Линс (Paulo Lins), роден 1958 година, информациите ги има од прва рака, затоа што и самиот е роден и израснал во тој простор, а во творештвото, покрај другото, пишува и се бори против расизмот во бразилското општество. Покрај овој роман, најпознати дела му се Sobre o Sol (За сонцето) објавено во 1986 година и Desde que o Samba é Samba (Бидејќи самбата е самба) од 2012 година.

Би можело да ве интересира

Објавена книгата „Албанскиот проблем во Југославија по Тито“ на бугарската историчарка Маријана Стамова

Ана Ололовска

Девет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

Ана Ололовска

Четири нови книги од култниот автор Милан Кундера во издание на „Арс Ламина“

Ана Ололовска

Лидија Димковска на „Денови на литературата од Југоисточна Европа“ во Цирих

Ана Ололовска

Онлајн-промоција на збирката раскази „Прстен и парфем“ од Мишо Китаноски

Ана Ололовска

Книга со текстови за Конески од странски автори во издание на „Матица македонска“

Ана Ололовска